📷 МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА СТАНУВААТ УШТЕ ПОБЛИСКИ Започна изградбата на граничниот премин „Маркова Нога“

Мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави, порача премиерот Христијан Мицкоски.

379

„Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин, како што и претходните говорници кажаа, е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи, од едната и од другата страна на границата. Мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави“, вака премиерот Христијан Мицкоски го започна денешното свое обраќање за време на посетета на граничниот премин „Маркова Нога“.

– Во таа насока, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави. Што се однесува до самиот настан денес, јас покрај ова што денес го отпочнуваме, изградбата на овој граничен премин, сум и во Ресен, заедно со градоначалникот, заедно со луѓето од Ресен, да посетиме неколку проекти коишто се резултат од работата на администрацијата, на градоначалникот. Навистина импресивно, и даваме поддршка за сето ова коешто се случува. Инаку, што се однесува до техничките карактеристики, инвестицијата и сето останато поврзано со изградбата на овој граничен премин, ќе ми дозволите да се заблагодарам на Европската Унија, на УНДП, на општините коишто се опфатени-четири општини, две од Албанија, една од соседна Грција и една од кај нас Ресен, нормално. Така што еве очекувам набргу од денеска и свечено биде пуштен во употреба овој граничен премин – изјави премиерот.

Поврзани содржини