МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА ВО КОЈА НАЈМАЛКУ СЕ ЧЕКА ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА Секој радиолог ќе може да ги прочита снимките од секаде
Премиерот Христијан Мицскоски изјави дека веќе нема да има дуализам во здравството, а законот за здравствена заштита ќе наложи јасна одговорност во здравствените установи и во клиниките.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Арбен Таравари, присуствуваа на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“. Тие изразија задоволство за апаратот кој е врвен, тврди Таравари, бидејќи користи нејонизирачко зрачење за дијагностика и е подобар од другите методи во радиодијагнистиката.
– Со новиот апарат ќе се намали редот за снимање… Да не претерувам, но најверојатно Македонија е земја во која најмалку се чека за магнетна резонанца – изјави Таравари.
Министерот за здравство рече дека владата ќе продолжи со инвестиции за нова апаратура.
Таравари говореше и за системот со кој се воведува централизација на читање резултати во радиологијата.
– Идејата е до крајот на годината да почнеме со централизација на цела радиологија. Со овој систем радиолозите ќе можат од секаде да го прочитаат резултатот, а ова ќе го поврземе со „Мој термин“ – изјави министерот за здравство.
Премиерот Мицкоски изрази задоволство за испораката на клиниката во првите 100 дена од Владата, земајќи ја предвид катастрофалната ситуција во која била.
– Само долгот во здравствениот сектор беше повеќе од 5 милијарди денари, ќе се намали за 2 милијарди денари, а во следната фискална година се очекува да стигне до нула – нагласи шефот на Владата.
Тој додаде дека веќе нема да има дуализам во здравството, а законот за здравствена заштита ќе наложи јасна одговорност во здравствените установи и во клиниките.
Премиерот ги потенцираше и придобивките од проширувањето на позитивната листа на лекови, како и акцијата за вработување специјализанти во здравствениот сектор.
– Ќе ве потсетам и на акцијата за вработување 600 специјализанти, 300 оваа година, а 300 следната година, за оние што ќе покажат интерес – додаде Мицкоски, објаснувајќи ги успесите во првите 100 дена од формирањето на Владата.