МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ САМО ПЕШ Усвоена е регулативата „Еуро 7“, возилата не смеат да загадуваат!

Регулативата „Еуро 7“ поставува правила за емисиите на издувните гасови на возилата, вклучително и за азотните оксиди, но и за други видови емисии, како оние од абразија на гумите и за ослободувањето честички од сопирачките, особено кај електричните возила.

620

Советот на Европска Унија (ЕУ) денеска во последна фаза ја усвои Регулативата „Еуро 7“, која претставува единствен правен акт што утврдува правила за ограничувањата на емисиите на штетни гасови од автомобилите, комбињата, автобусите и камионите, како и одредби за издржливоста и за животниот век на акумулаторите.

Регулативата поставува правила за емисиите на издувните гасови на возилата, вклучително и за азотните оксиди, но и за други видови емисии, како оние од абразија на гумите и за ослободувањето честички од сопирачките, особено кај електричните возила.






Со правилата, новите автомобили и комбињата, што ќе се продаваат во ЕУ од 2035 година, треба да имаат нулто ниво на емисии на јаглерод диоксид, при што во периодот од 2030 до 2034 година, јаглеродните емисии од автомобилите треба да се намалат за 55% од однос на 2021 година, а од комбињата за 50%.

За автобусите и за камионите, емисиите на азотни оксиди треба да бидат до 200 милиграми на киловат-час во лабораториски услови и до 260 милиграми на киловат-час во реални услови на возење.

Емисиите на ПМ10 честички од сопирачките кај автомобилите и лесните комбиња треба да изнесуваат 3 милиграми на километар при електричен погон и 7 милиграми на километар кај оние со мотор со внатрешно согорување и кај хибридните возила.

За тешките комбиња дозволените емисии на ПМ10 се 11 милиграми на километар.

Издржливоста на акумулаторите кај електричните автомобили и комбиња треба да изнесува до 5 години или изминати 100.000 километри, а кај овој тип возила на хибриден погон до 8 години или изминати 160.000 километри.

„Еуро 7“ предвидува и возилата да поседуваат „еколошки пасош“ кој ќе содржи информации за нивните еколошки перформанси во моментот на регистрација, како што се ограничувањата на емисиите на штетни гасови и честички, потрошувачката на гориво и на електрична енергија, електричниот опсег и издржливоста на акумулаторот.

На сопствениците на возилата им се гарантира пристап до ажурирани информации за потрошувачката на гориво, состојбата на акумулаторите, емисиите на гасови и други релевантни информации.

Производителите на автомобили, пак, ќе мора да ги дизајнираат своите возила така што ќе спречат манипулации со системите за контрола на емисиите преку дигитализација на нивниот мониторинг.

„Еуро 7“ ќе стапи во сила 20-тиот ден од нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија. Правилата ќе почнат да се применуваат во рок од 30 месеци за нови типови на автомобили и на комбиња, 42 месеци за новопроизведени автомобили и комбиња, 48 месеци за нови модели на автобуси, камиони и приколки, 60 месеци за новопроизведени автобуси, камиони и приколки, 30 месеци за новите системи, компоненти или технички единици во автомобилите и комбињата и 48 месеци за уредите што треба да се вградуваат во автобуси, камиони и приколки.

Регулативата „Еуро 7“е дел од Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Европската комисија и Акцискиот план за 0 ниво загадување донесен на 10 ноември 2022 година. Законскиот акт е усогласен со планот на ЕУ за забрана на производство на автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување по 2035 година. Од друга страна, веќе произведените лесни возила, како и камионите и автобусите, мора да бидат усогласени со одредбите за емисии на гасови и честички од „Еуро 7“.

Поврзани содржини