МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ЗА ЦЕЛИ 50 ГОДИНИ? Во најлоша позиција е Босна и Херцеговина – предвидено е да ѝ се приклучи на Унијата во 2102 година

Според проекцијата, најблиску до членство во Европската Унија е Црна Гора за која се предвидува дека ќе ѝ бидат потребни 45 години за да стане полноправна членка на ЕУ.

685

Дури за 50 години земјава би можела да му се приклучи на европското семејство, предвидува Институтот за европска политика на Косово (ЕПИК), а како што наведуваат истражувачите, резултатите се базирани според брзината со којашто земјите од Западен Балкан ги спроведуваат реформите.

Според проекцијата, најблиску до членство во Европската Унија е Црна Гора за која се предвидува дека ќе ѝ бидат потребни 45 години за да стане полноправна членка на ЕУ.






Второто и третото место го делат Македонија и Србија за кои е предвидено дека во 2072 година ќе станат дел од Унијата.

На четврто место е Албанија – 60 години, на петтото место е Косово – за 75 години, а на последното место се наоѓа Босна и Херцеговина за која членството во Унијата се предвидува дека ќе се случи за 80 години, односно во 2102 година.

Поврзани содржини