МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЕУ НАЈРАНО ЗА 10 ГОДИНИ Петков бара Европа да ги гарантира правата на Бугарите во земјава
Тука мора да кажеме – Северна Македонија ќе биде во Европската Унија најрано после 10 години. Има многу поглавја на нејзиниот пат кон Европа. Ние треба само да ги поставиме нашите услови – на пример, за Уставот пред првото поглавје. На овој начин, со укинувањето на ветото, ние на Северна Македонија ѝ даваме пат да тргне. Но, во овие посебни поглавја можеме да ги ставиме сите услови кои ни се неопходни, и така нема да го решиме проблемот што моментално постои за една или две недели, туку ќе имаме 10 години да работиме заедно за да може навистина Cеверна Mакедонија да биде европска држава и сите права на Бугарите таму да бидат целосно заштитени. Значи, пристапот треба да биде попаметен, рече Петков во изјава за БТВ.
„Има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Нашата влада нема да подлегне на вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни. Имаме една заедничка цел – Северна Македонија да биде европска земја, добар сосед. Заедно можеме да создадеме економски раст и сите овие националистички повици и провокации само треба да ги игнорираме за да одиме напред“.
Вака изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за БТВ. Според него, гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, кој оценува дека за Северна Македонија ќе трае најмалку 10 години.