МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СОСТАНОКОТ БРДО-БРИОНИ Одбран „неутрален“ терен по кавгата Белград-Загреб

Сега во мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката - рече словенечката претседателка Пирц Мусар.

0

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо-Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија.

​- Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно – рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Љубљана.






Пирц Мусар истакна дека не е одлучено во кој град во Македонија ќе се одржи но најави дека ќе биде во октомври.

– Сега до мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката – рече словенечката претседателка.

Таа смета дека навистина е важно процесот да продолжи и сите да се присутни на состанокот.

– Значи тоа е навистина битно, и Косово и Србија се тука. И јас мислам дека некои задршки или проблеми на страна претседателот нема да има, бидејќи треба да се случи во Македонија и мислам дека тоа сега е веќе факт. И уште еднаш навистина благодарам на претседателката на Македонија дека ќе го организира овој процес- нагласи Пирц Мусар.

Процесот Брдо Бриони е инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година. На него учествуваат земјите од Западен Балкан и Словенија и Хрватска.

Поврзани содржини