МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО СНАБДУВА СО КЕРОЗИН ПРИШТИНСКИОТ АЕРОДРОМ Единствена земја сме што отвора авиолинии во време на криза
Приштинскиот аеродром и аеродромот во Ниш функционираат поради добрата организација во Скопје, вели вицепремиерот и министер за транспорт. Николоски истакнува дека Македонија ги снабдува овие аеродроми со керозин во време на криза и дека отвора 5 нови авиолинии.
Македонија е единствена држава која што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “Риштази”.
– Во следните неколку недели се отвараат 5 нови линии. Австрија Ерлајнс почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг летовите од Виена. Визер почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А од Скопје имаме две одлични летни дестинации кои што ќе продолжат и после летото, но така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија.
Николоски истакнува и дека Македонија целосно со керозин го снабдува приштинскиот аеродром и делумно аеродромот во Ниш.
– Тоа значи дека заради добрата организација во Скопје фунционираат и овие два аеродроми – истакна вицепремиерот.