Македонија ја заврши годината на 65 место во светот

На чело на ФИФА ранкингот, трета година по ред, е Белгија, Франција остана на второто, а Бразил на третото место.

196

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2020 година на 65. место на ранг-листата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски годината во која забележаа историски прв пласман на едно европско првенство, ја завршуваат три места погоре на ФИФА ранг-ранг-листата во споредба со 2019 година,






На чело на ФИФА ранкингот, трета година по ред, е Белгија, Франција остана на второто, а Бразил на третото место.

Најголем напредок во 2020 забележа Унгарија, која се искачи за 28 позиции, и е рангирана како 12 репрезентација во светот.

Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 18 февруари 2021 година

Поврзани содржини