НАШИТЕ БИЗНИС АНГЕЛИ Македонските стартапи по стапките на милијардерот Бренсон

Нашите бизнис ангели се дел од мрежа од 20.000 партнери од 180 земји од целиот свет. Идејата ја започнал познатиот милијардер Ричард Бренсон, кој неодамна леташе во вселената. Македонија го прославува настанот, а интересно е што годинава бизнис ентузијасти има скоро од секој град.

289

Македонија е меѓу новите земји кои можат да се пофалат со млади стартапи и нови идеи, а деновите во светот, но и кај нас во тек е Глобалната недела на претприемништвото (ГНП), збир од 45 онлајн и хибридни настани со кои над 60 чинители ќе се вмрежат да си ги кажат своите искуства, маки и планови за подобро утре.

Нашите бизнис ангели се дел од мрежа од 20.000 партнери од 180 земји од целиот свет. Идејата ја започнал познатиот милијардер Ричард Бренсон, кој неодамна леташе во вселената. Македонија петти пат го прославува настанот, а интересно е што годинава бизнис ентузијасти има скоро од секој град. Учесници има од Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Велес, Штип, Крива Паланка, Виница …






– Верувам дека ваквите иницијативи помагаат и за дополнителна промоција на македонскиот екосистем и нè позиционираат во групата на најразвиени и најактивни екосистеми во регионални и светски рамки – вели Симона Чаминска, национален координатор на Глобалната мрежа на претприемништвото.

Главниот настан на ГНП го организираше „Стартап Македонија“ во соработка со Македонски телеком АД Скопје и ИМЕ Програмата на Швајцарската Агенција за развој и соработка беше посветен на иднината на работните места.

– Како заедница активно работиме на поддршка на претприемачите кои сонуваат, иновираат и не се откажуваат. Оттаму тие се хероите на ова време кои не подлегнуваат пред предизвиците и ја заслужуваат целата поддршка од корпорациите, Академијата, Граѓанскиот и НВО секторот, инвеститорите и од државата. Тие треба да продолжат да развиваат, а сите останати да продолжат со креирање на плодно поднебје за развој на компании кои се и ќе бидат носител на македонската економија во годините кои следат. Доволно зборуваме за иселување на умови и негативности. Во оваа Недела на претприемништво ќе дискутираме за тоа што и кој постои за поддршка во земјава и ќе оставиме реален белег врз европската сцена – вели Игор Маџов, претседател на „Стартап Македонија“.

Поврзани содржини