МАКЕДОНИЈА ЈА ЧЕКА ЕНЕРГЕТСКА АНЕКСИЈА! Мицкоски смета дека заемот за ЕСМ е опасен
За да биде ефектуиран тој заем од 100 милиони евра се бара затворање на Осломеј и РЕК Битола и интегрирање на македонскиот пазар прво со грчкиот, а потоа и со бугарскиот – рече Мицкоски.
За тоа дека нема да се затвораат Осломеј и РЕК Битола, премиерот Димитар Ковачевски или не ја говори вистината или го нема прочитано предлог законот за заемот за ЕСМ – изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Ако го прочита предлог законот кој е доставен во парламентот, а се однесува на ликвидноста на ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, јасно ќе забележи дека станува збор за услов за да се добијат тие пари. А тоа значи затворање на Осломеј до 2023 година и затворање на РЕК Битола до 2027 година – рече Мицкоски.
Според него, тоа е егзактна работа и тоа не е предмет на дебата и филозофија.
– Ако го прочитате законот јасно кажува дека за да биде ефектуиран тој заем од 100 милиони евра се бара затворање на овие два производни капацитети и интегрирање на македонскиот пазар прво со грчкиот, во четвртиот квартал во 2022 година, а во 2023 година, и со бугарскиот. Или јас тоа би го нарекол енергетска анексија на Македонија – рече Мицкоски.