🎥 МАКЕДОНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ ГО СОБОРИЛ ТЕРОРИСТОТ ШТО СЕ ЗАКАНУВАЛ ВО АВИОН „Јасно ми беше дека лажно се заканува“
Сакав да ги заштитам патниците. Станав, го соборив на земја, му го зедов телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето. Потоа, ми помогна уште еден патник, Англичанец, кој го држеше заедно со мене, рече Настески за порталот СДК.
Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија го соборил на земја патникот кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“. Настески го држел заканувачот на подот до слетувањето на авионот.
Настевски го објави видеото на својот јутјуб канал.
„Вчера утрото (27 јули) заминав на одмор во Глазгов, и десетина минути пред да слета авинот, покрај мене помина човек кој во рацете држеше кафе и телефон. Прво се исплашив дека ќе ме попари со жешко кафе, па се тргнав настрана. Потоа, почна да вика дека има бомба и дека ќе го собори авионот за да докаже дека политиката на Трамп е погрешна. Патниците се исплашија, особено децата кои почнаа да врескаат, а се исплаши и екипажот. Јасно ми беше дека лажно се заканува и сакав да ги заштитам патниците. Станав, го соборив на земја, му го зедов телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето. Потоа, ми помогна уште еден патник, Англичанец, кој го држеше заедно со мене“, рекол Настески во телефонски разговор за порталот Сакам да кажам.
По слетувањето на аеродромот во Глазгов, 41-годишниот патник кој се заканувал бил уапсен. Настески, за порталот, рекол дека по татко е Македонец, а по мајка Србин.
📽️ „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Балканец совладал терорист за време на лет до Глазгов