МАКЕДОНЕЦОТ Е НАЦИОНАЛНО ПОГАЗЕН Николоски од Швајцарија порача дека економијата тоне, а корупцијата цвета
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изминативе 6-7 години покажале дека не треба многу време за нешто да се уништи.
СДСМ и ДУИ овие 6-7 години покажаа дека не треба многу време за да се уништи нешто што генерации го создавале, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета во Тринген Швајцарија.
– Многу работи се случуваат, знам дека вие пратите одите во своите родни места се среќавате со пријателите ние се среќаваме со вас и кога ќе дојдете во Македонија она што практично е ваша грижа овде е грижа и наша во Македонија. Ако треба во една реченица да се опише што се случува во Македонија, тоа е дека Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета, тоа е наједноставната дефиниција што во моментов и се случува на Македонија – рече Николоски.
Тој продолжи и додаде дека изминативе 6-7 години покажале дека не треба многу време за нешто да се уништи.
– СДСМ и ДУИ овие 6-7 години покажаа дека не треба многу време за да се уништи нешто што генерации го создавале, овие 6-7 години покажаа дека пеколна борба може да се уништи за 6-7 години доколку нема јасно национално единство и доколку нема политичка структура која има јасно национално чувство – кажа Николоски.