Македонец загина во сообраќајка на автопат кај Белград

Во несреќата учествувале четири возила од конвојот, меѓу кои и возач од Полска, за кој постои сомнение дека ја предизвикал несреќата. На него му е одреден притвор до 48 часа.

1,736

Македонец на возраст од 35 години загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на автопатската клучка кај Белград во смерот кон Добановци, кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба, информираше МВР.

Во истата несреќа, што се случи синоќа, додаваат оттаму, четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош. Несреќата е предизвикана од камион кој се движел во конвој, но за причините за несреќата ќе утврди со истрага, соопштија од српското МВР.






Во несреќата учествувале четири возила од конвојот, меѓу кои и возач од Полска, за кој постои сомнение дека ја предизвикал несреќата. На него му е одреден притвор до 48 часа.

Инаку, камионите што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и тие не смеат да застануваат таму каде што сакаат, туку само на местата предвидени за таа намена.

Поврзани содржини