МАКЕДОНЕЦ ВЛЕГОЛ ВО ВОДА И ВЕДНАШ СЕ СРУШИЛ Трагедија на плажа во Албанија, 66-годишник починал од срцев удар

Турист од Македонија трагично го загуби животот на плажата во близина на Каваја, кога доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.

1,225

66-годишен македонски државјанин го загуби животот вчера на албанската плажа во близина на Каваја, откако, според првичните информации, доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.

Несреќата се случила околу 19 часот на плажа кај Драч. Како што соопшти албанската полиција, мажот, кој бил турист во Албанија, веднаш по влегувањето во вода се онесвестил и потонал. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.






„Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, информираа службите во Албанија.

Очевидци кои се наоѓале на плажата се обиделе да му помогнат, но и покрај нивните напори и брзата реакција на службите за итна медицинска помош, лекарите само ја констатирале смртта на лице место.

Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.

Поврзани содржини