МАКЕДОНЕЦ СЕ УДАВИЛ ВО РЕКА ВО ШВАЈЦАРИЈА Влегол да плива, но не излегол
Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решил да плива во познатата река Аре кај Берн.
Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање.
Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако 26-годишното момче од Македонија заедно со уште еден свој пријател решило да плива во познатата река Аре кај Берн.
Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од нив се удавил, соопштуваат од полицијата.
И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување сепак тој починал кратко време подоцна.
Покрај полицијата, дежурен бил и тимот за нега на Кантон Берн.