Македонец се лекува од индиски ковид во приватна болница, се заразил во Ирак
Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информира Министерството за здравство.
Кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница минатата недела е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информира Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на кризниот штаб предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е за да се ограничи дополнително групирање во доцните часови. Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава, велат здравствените власти.