МАКЕДОНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО УАПСЕН ВО БОСНА Имал лажни документи и се криел во Бихаќ

Осомничениот убиец за кого е распишана црвена потерница на Интерпол, поседувал лажни македонски документи.

893

Македонски државјанин осомничен за убиство уапсен е во Босна и Херцеговина. Полициските службеници на Федералната полициска управа (ФУП) на БиХ го пронашле и уапсиле во Бихаќ, објави Аваз.ба

Станува збор за Дејан Ториќ по кој е распишана црвена потерница од Интерпол.






Како што дознава Аваз, Ториќ бил пронајден во стан, кој бил изграден да служи како наменско скривалиште. Поседувал и лажни документи од  Македонија.

Уапсениот е предаден во надлежност на Судот на Босна и Херцеговина. Босанската ФУП во потрагата по Ториќ била во координација со  ЕВРОПОЛ.

Поврзани содржини