МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИЗРАЕЛ, КАТАР И ВО ЕМИРАТИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ Итен апел од МНР за воздржаност од патувања, 3 амбасади во готовност
Уште еднаш упатуваме јасен апел до сите македонски граѓани да се воздржат од патувања во земјите на Блискиот Исток сè додека не се стабилизира безбедносната состојба, велат од МНР.
Во светло на драматично влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот да бидат крајно внимателни и да постапуваат исклучиво по насоките на локалните власти.
– Ги повикуваме сите наши граѓани кои се наоѓаат во земјите од регионот – особено во Катар, Израел и Обединетите Арапски Емирати – редовно да ги следат официјалните национални портали за итни состојби и да се информираат за евентуални мерки и евакуации – апелираат од МНР.
Воедно, од министерството додаваат дека патувањата во овој дел од светот треба да се одложат.
– Уште еднаш упатуваме јасен апел до сите македонски граѓани да се воздржат од патувања во земјите на Блискиот Исток сè додека не се стабилизира безбедносната состојба – велат од МНР.
Министерството потсетува и дека македонските амбасади во Тел Авив, Доха и Абу Даби се подготвени да им пружат поддршка на сите граѓани кои имаат потреба од информации, логистика или асистенција.
– Дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација со граѓаните. Безбедноста на македонските државјани ни е апсолутен приоритет – велат од МНР.
За итни случаи, граѓаните можат да ги искористат следните контакти:
– Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 – [email protected]
– Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532 – [email protected]
– Амбасада во Доха: +974 50 173 111 – [email protected]
– МНР дежурни броеви: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 – [email protected]