МАКЕДОНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ 340 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ Дури 73% од производите ги платиле во кеш
Вкупно 210 милиони евра или 61,8% од тие пари завршиле кај од домашните онлајн продавници, додека во странство завршиле 130 милиони евра или 38,2% од вкупно потрошените пари за онлајн купување.
Просечно граѓаните трошат по 33 евра за онлајн купување, покажуваат податоците за првата половина од годинава кои ги објави Асоцијацијата за е-трговија која се потпира на податоци на Народна банка за купување платено со картички.
Според овие податоци, за купување од домашни онлајн продавници граѓаните просечно трошат по 31 евро, а малку повеќе околу 37 евра за купување од странство.
Во првата половина од годинава граѓаните направиле 10,3 милиони онлајн трансакции со картички за што потрошиле вкупно 339,8 милиони евра. Вкупно 210 милиони евра или 61,8% од тие пари завршиле кај домашните онлајн продавници, додека во странство се исплатени 130 милиони евра или 38,2% од вкупно потрошените пари за онлајн купување.
Податоците покажуваат и дека во однос на повторливите таканаречени (Recurring payments) трансакции кај домашните е-трговци завршиле околу 54.000 евра или 0,03% од остварената вредност, додека во странство се уплатени околу 6 милиони евра или 4,7% од остварената вредност.
Од Асоцијацијата велат дека износите за онлајн купување би бил далеку повисок, кога би се собрале и податоците за онлајн купувањето кое се плаќа во кеш. Според последната анализа направена на асоцијацијата дури кај 72,5% од балканските е-трговци, па и во Македонија доминантен е плаќањето во готово при прием на пратката.
– Според навиките и менталитетот Македонците како и другите интернет купувачи од соседните земји од Западен Балкан се љубители на плаќања во кеш. Тоа го покажа и анкетата направена во рамки на најновата анализа која ја изработува АЕТМ како Извештај за е-трговијата на Западен Балкан на 40 е-трговци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Ова ни покажува дека вредноста на онлајн нарачките е многу повисока ако се земе предвид е-трговијата во поширока смислам на дефиницијата, а за тоа е потребно прибирање и на овие податоци за „cash on delivery“ плаќањата – вели претседателката на Асоцијацијата Нина Ангеловска Станков.