„МАГНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ РАЗМИСЛУВА ДАЛИ УШТЕ ЌЕ ГО ПРОШИРУВА БИЗНИСОТ ВО ЗЕМЈАВА Глобалните стратешки приоритети ќе одлучат за тоа
Магна Интернационал веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип во кои произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија, поточно за „Генерал Моторс“, „Форд“, „БМВ“, „Тојота“, „Волксваген“, „Хонда“ и многу други познати брендови.
„Магна Интернационал“ внимателно ги следи можностите за понатамошно проширување на своите активности, во согласност со глобалните стратешки приоритети на компанијата.
Ова го изјавил Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на компанијата на средбата со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Гоце Димовски.
Рајс изразил и задоволство од досегашната соработка со институциите и од оперативните резултати на компанијата во земјава, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.
Димовски, пак, ја истакнал улогата на Дирекцијата за ТИРЗ и Владата во создавањето стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за странските инвеститори, потенцирајќи дека континуираниот дијалог со постојните компании е клучен за долгорочен раст и проширување на инвестициите.
Тој нагласил и дека институционалната поддршка и координацијата со останатите државни органи претставуваат основа за одржување на довербата кај странските инвеститори.
Потенцирајќи ги фабриките на „Магна“ кои работат во рамки на зоните како едни од позначајните капацитети, тој посочил дека главната цел е обезбедување услови во кои постојните инвеститори ќе можат успешно да се развиваат, да ја унапредуваат својата продуктивност и да креираат додадена вредност за националната економија.
Канадската компанија „Магна Интернационал“ веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип во кои произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија, поточно за „Генерал Моторс“, „Форд“, „БМВ“, „Тојота“, „Волксваген“, „Хонда“ и многу други познати брендови.