МАГЛАТА ЌЕ ОСТАНЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА Следната недела обилен дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини ќе има појава на магла, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи
По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Најниска утринска темпераура ќе биде околу минус 4 и тоа во Тетово, Прилеп, Битола и во Берово. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Температурата ќе се движи од минус 2 до 4 степени.
Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.
Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
