МАГЛА ВО МОЗОКОТ, АНКСИОЗНОСТ И ГЛАВОБОЛКИ Несакани ефекти што можат да се појават и по 6 месеци од прележувањето на короната

Резултатите од студијата покажале дека луѓето кои имале ковид-19 имаат значително поголеми шанси за промени во мозокот. Промените главно се забележани во фронталниот лобус, а лекарите велат дека оваа регија главно се поврзува со замор, несоница, анксиозност, депресија, главоболки и когнитивни проблеми.

1,518

Неколку мозочни промени можат да се случат кај пациенти коишто биле заразени со новиот коронавирус, а најчестите се појавата на мозочна магла, силни главоболки и анксиозност, пишува „The Sun“.

Во една мала студија, истражувачите користеле снимки направени на магнетна резонанца. Тие ги анализирале снимките на 46 пациенти кои закрепнале од ковид-19 и ги споредиле со 30 здрави луѓе.

Снимките биле направени шест месеци по закрепнувањето од инфекцијата со новиот коронавирус.

Резултатите од студијата покажале дека луѓето кои имале ковид-19 имаат значително поголеми шанси за промени во мозокот. Промените главно се забележани во фронталниот лобус, а лекарите велат дека оваа регија главно се поврзува со замор, несоница, анксиозност, депресија, главоболки и когнитивни проблеми.

Истражувачот д-р Сапна Мишра во анализа за списанието „Radiology“ објаснува дека сериозните компликации можат да се случат дури и 6 месеци по целосното закрепнување од инфекцијата, односно долго време откако човекот ќе си помисли дека маката е веќе минато.

Поврзани содржини