МАГЛА НА ПОВЕЌЕ ПАТИШТА НИЗ ЗЕМЈАТА Видливоста намалена и до 30 метри
Намалена видливост е регистрирана на неколку патни правци, додека од АМСМ апелираат на внимателно и прилагодено возење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла, забележана е намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на правецот Скопје – Тетово, како и од 50 до 100 метри на правците Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.