МАДУРО СÈ ПОИЗОЛИРАН ДОДЕКА САД НАЈАВУВААТ КОПНЕНА АКЦИЈА „Ова е психолошки тероризам“

Двајца долготрајни сојузници го напуштија венецуелскиот претседател губејќи на локалните избори, во време кога САД најавуваат можен копнен напад. Мадуро вели дека Венецуела е спремна за војна, но левичарските влади ширум светот го игнорираат Каракас.

0

Венецуелскиот лидер Николас Мадуро влегува во најтешкиот дипломатски период откако ја презеде власта по смртта на Уго Чавес. Двајца долготрајни сојузници, Хондурас и Свети Винсент и Гренадини, му свртеа грб, оставајќи го без регионална поддршка во момент кога се зборува за можен копнен напад од САД.

Во Хондурас, левоориентираната претседателка Сијомара Кастро го изгуби влијанието по изборите во кои нејзината кандидатка Рикси Монкада падна на трето место. Новите водечки кандидати, Насри Асфура и Салвадор Насраља, веќе најавија дека ќе ги прекинат врските со Каракас, откако добија поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.






Меѓутоа, уште потежок удар за Мадуро дојде од Карибите. Премиерот на Свети Винсент и Гренадини, Ралф Гонзалвес, по речиси 25 години на власт, изгуби на изборите од центристот Годвин Фрајдеј.

Со тоа, Венецуела ја изгуби последната гласна поддршка во регионот.

Копнената инвазија од САД е на маса

Од друга страна, Белата куќа ги засили воените активности. Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со тимот за национална безбедност и изјави дека „копнените опции се на маса“. Според портпаролката Каролин Ливит, САД имаат „многу сценарија за делување“.

Во изминатите неколку месеци, американските сили извршиле повеќе од 20 напади врз бродови осомничени за шверц на дрога. Каракас тврди дека во тие напади загинале над 80 лица и ги нарече „убиства спонзорирани од држава“.

Психолшоки тероризам, Венецуела спремна за војна

Мадуро возврати велејќи дека Венецуела е спремна да се соочи со војна.

– Преживеавме 22 недели агресија што може да се опише само како психолошки тероризам – рече Мадуро на митинг во Каракас. Тој повтори дека Венецуелците се подготвени да ја бранат земјата „по патот на мирот“.

За Петро, Мадуро веќе не е брат

Но, левичарските влади низ светот, Бразил, Мексико, Чиле и Колумбија, ги ограничуваат контактите со Каракас. Колумбискиот претседател Густаво Петро, кој некогаш го нарекуваше Мадуро „брат“, сега изјави за Си-Ен-Ен дека „недостатокот на демократија и дијалог“ е главниот проблем на венецуелскиот лидер.

Според венецуелската влада, вистинската цел на Трамп е преземање на венецуелските нафтени резерви, а не борба против дрога. Американските власти, пак, го обвинуваат Мадуро за поддршка на меѓународни нарко-картели, обвинување кое тој целосно го негира.

Aмерикански претставници неодамна изјавија дека САД му предложиле на Мадуро да избега во Русија или во друга земја.

Поврзани содржини