🎥 МАДУРО СЕ ПОФАЛИ СО ТЕЛЕФОН ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИСЛУШУВА Му го подарил кинескиот претседател Си Џинпинг

Вашингтон деновиве испрати 7 воени бродови, подморница и околу 4.500 маринци во јужниот дел на Карипското Море, што беше објаснето, како операција насочена против нарко-картелите.

325

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на прес конференција денеска покажа мобилен телефон  „Хуавеј“ за кој рече дека е подарок од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој го нарече „најнапредниот и најбезбеден телефон во светот“, отпорен на какво било прислушување, дури и преку сателит.






– Дури ни грингосите не можат да го прислушкуваат – рече Мадуро, мислејќи на Американците.

Прес-конфернецијата се случува во време кога се зголемуваат тензиите меѓу  Венецуела и САД.

Вашингтон деновиве испрати 7 воени бродови, подморница и околу 4.500 маринци во јужниот дел на Карипското Море, што беше објаснето, како операција насочена против нарко-картелите.

Мадуро, пак, тоа го смета за  отворена закана за неговата влада и обид за промена на режимот. Тој неодамна поради тоа прогласи и општа мобилизација на 15.000 војници и ја повика цивилната милиција на готовс.

Поврзани содржини