Мадуро прослави роденден во ек на пандемија: Еве колку штитат маските! (ВИДЕО)
Како што може да се забележи на видеото, повеќето гости носеле заштитни маски, а Мадуро ја искористил можноста да покаже колку се ефикасни маските, па во неколку наврати се обидел и не успеал да ги дувне свеќичките на својата роденденска торта.
Венецуелскиот претседаател Николас Мадуро го прославил својот 58-ми роденден на еден необичен начин – со директен пренос од претседателската палата и со танц со сопругата додека им пее доминиканскиот пејач Бони Сапеда, објави Би-Би-Си.
Како што може да се забележи на видеото, повеќето гости носеле заштитни маски, а Мадуро ја искористил можноста да покаже колку се ефикасни маските, па во неколку наврати се обидел и не успеал да ги дувне свеќичките на својата роденденска торта.
На крајот ги изгасил свеќичките со прсти, а на гостите им рекол дека ова покажува дека маските делуваат.