Мадуро: Одам по руската вакцина „Спутник V“, ќе послужам како пример

375

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека тој ќе биде првиот човек во таа земја што ќе ја прими вакцината „Спутник V“ против ковид-19. Тој рече дека му е драго што Русија ќе биде прва што ќе го вакцинира своето население и дека ќе послужи како пример во Венецуела.

– Драго ми е што Русија ќе биде прва во светот што ќе го вакцинира своето население – рече Мадуро во телевизиското обраќање во неделата, пренесува РТ.






– Ќе дојде време кога сите ќе бидеме вакцинирани и јас сум првиот. Одам по вакцината, ќе послужам како пример –  истакна Мадуро.

Руската вакцина против ковид-19, наречена „Спутник V“, е прва во светот што доби официјално одобрение и веќе влезе во производство. Според руските власти, интерес за неа изразиле дваесетина земји. Датумот на испорака на вакцината во Венецуела сѐ уште не е познат.

Според најновите податоци собрани од „Џонс Хопкинс“, Венецуела потврди над 33.750 случаи на заразени, а 281 лица починаа.

Поврзани содржини