МАДУРО ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА СО КОЛУМБИЈА ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА Некој му рекол дека постои заговор против Венецуела
Постои информација за меѓународен заговор со цел да се наруши мирот на Венецуелците, поради што Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, изјави гувернерот на венецуелската погранична област Тахира, Фреди Бернал.
Венецуела, неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро, денеска ја затвори границата со Колумбија поради „меѓународен заговор“.
– Постои информација за меѓународен заговор со цел да се наруши мирот на Венецуелците, поради што Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија – изјави гувернерот на венецуелската погранична област Тахира, Фреди Бернал.
Тој додаде дека границата ќе биде затворена три дена, до понеделник.
Мадуро денеска третпат ќе положи заклетва, за нов шестгодишен мандат.
За опозицијата победник на изборите, со повеќе од 67 отсто освоени гласови, е опозицискиот лидер Гонзалез Урутиа. Тој и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо ги повикаа граѓаните да протестираат пред инаугурацијата на Мадуро.
САД, Европска Унија и голем број земји од Јужна Америка исто така не ја признаваат изборната победа на Мадуро.