🎥 МАДОНА СЕ ВРАТИ НА КОАЧЕЛА ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ Кралицата на поп-музиката приреди спектакл кој ја воодушеви публиката

Мадона направи едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот музички фестивал Коачела кога се врати на сцената после 20 години, како гостинка за време на настапот на Сабрина Карпентер.

78

Кралицата на поп-музиката се појави на годинешниот музички фестивал Коачела како гостинка за време на настапот на Сабрина Карпентер, воодушевувајќи ја публиката и предизвикувајќи вистинска еуфорија.

Неочекуваниот момент се случи на средина од изведбата на песната „Џуно“, кога Карпентер почна да изведува препознатливи танцови движења од хитот на Мадона „Vogue“. Публиката веќе тогаш наслути што следува, а потоа Мадона се појави на сцената, давајќи му на фестивалот еден од неговите најзначајни моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Warner Music (@warnermusic)

Заедно го изведоа дуетот „Vogue“, по што продолжија со хитот „Like a Prayer“, а публиката имаше можност да ја чуе и новата песна „I Feel So Free“, водечкиот сингл од претстојниот албум Confessions II, продолжение на нејзиното култно издание Confessions on a Dancefloor од 2005 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guy Oseary (@guyoseary)

Она што дополнително ги воодушеви обожавателите беше нејзиниот стајлинг, Мадона за оваа пригода повторно ги облече парчињата што ги носеше за време на нејзиниот последен настап на Коачела пред две децении. Таа се појави на сцената во светло виолетов корсет со набори, со темно виолетови чорапи, ракавици и препознатлива јакна од Гучи. Аутфитот го комплетираше со големи очила за сонце, останувајќи верна на својот препознатлив поп израз. Таа самата призна колку многу ѝ значи овој момент: враќањето на истата сцена, во речиси истата облека, го опиша како полн круг и исклучително емотивно искуство. Публиката реагираше воодушевено, а социјалните медиуми набрзо беа исполнети со коментари, при што многумина истакнаа дека ова е еден од најлегендарните моменти на Коачела во последните години. Со ова враќање, Мадона докажа зошто сè уште ја носи титулата кралица на поп-музиката, без оглед на нејзините години.

Поврзани содржини