МАЈМУНИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО МОЗОКОТ Еве што ги спречува да почнат да зборуваат

Било откриено дека мајмуните поседуваат анатомија за да произведуваат звуци, како што се самогласките, па дури и би можеле да произведат целосни реченици. Звуците што произлегувале биле јасно разбирливи, без разлика што биле морничави за научниците. 

1,271

Мајмуните можат да зборуваат исто како луѓе, но немаат мозок за такво нешто, вели нова студија. Иако порано се сметаше дека мајмуните не можат да зборуваат заради ограничувањата во нивното грло, научниците сега велат дека тоа е повеќе поврзано со нивниот мозок, отколку со нивните усни. Нови експериментите кои се направени врз мајмуните макаки покажале дека тие имаат вокална способност, но не и когнитивно знаење за говор.

Прашањето кое сите си го поставуваат е: што би се случило ако едно шимпанзо може да каже „Не“?






Меѓународниот тим на научници ги разгледал вокалните способности на мајмуните макаки користејќи снимки од Х-зраци за снимање на движењата и промените во усните, јазикот и гркланот при испуштањето звуци. Податоците собрани од видеата потоа биле внесени во компјутерски модел кој можел да ја симулира вокалната способност и опсегот на мајмуните, врз основа на нивните физички атрибути.

Морничави, но точни самогласки

Било откриено дека мајмуните поседуваат анатомија за да произведуваат звуци, како што се самогласките, па дури и би можеле да произведат целосни реченици. Звуците што произлегувале биле јасно разбирливи, без разлика што биле морничави за научниците.

Бидејќи истражувачите ги спроведоа истражувањата на макаките, тие мислат дека тоа може да постои и кај многу други видови мајмуни. Макаките се класифицирани во група позната како „мајмуни од стариот свет“, а на крајот настанале мајмуните, вклучително и шимпанзата и очигледно, ние.

Што е тоа во нашиот мозок што ни дава говор?

-Сега никој не може да каже дека станува збор за вокална анатомија што ги спречува мајмуните да зборуваат-тоа треба да биде нешто во мозокот – вели коавторот Асиф Газанфар од Универзитетот Принстон.

-Дури и ако ова откритие се однесува само на мајмуните макаки, ​​сепак ќе ја отфрли идејата дека анатомијата е таа што го ограничува говорот на сите животни кои не се луѓе. Сега, интересното прашање е, што е тоа во човечкиот мозок што го прави посебен? – додава тој.

Овие наоди значат дека сега фокусот може да се префрли кон тоа што е различно помеѓу нас и нашите најблиски еволутивни „братучеди“.

Поврзани содржини