Мајмуни во Индија украле примероци од крв на заразени пациенти со ковид-19
Како што објавија медиумите, украдени се примероците од четири пациенти заразени со ковид-19.
Група мајмуни во Индија нападнала еден медицински работник и му ги украла примероците од крвта на пациентите кои имале позитивен тест за коронавирусот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Нападот се случил оваа недела кога лабораторискиот техничар излегувал од медицинскиот факултет во Мируту, а во тој момент мајмуните ги зграбиле примероците и побегнале.
Како што објавија медиумите, украдени се примероците од четири пациенти заразени со ковид-19.
– Моравме повторно да им земаме крв – рекол д-р. С.К. Гарг од Медицинскиот факултет.
Тој истакнал дека не знае дали мајмуните би можеле да се заразат ако дојдат директно во контакт со заразената крв.