Славната пејачка ги изненади обожавателите со изјавата за хигиена и потврди дека во текот на неколкумесечната изолација водела многу лежерна грижа за косата, миејќи ја исклучително ретко.
– Во последните четири месеци мислам два пати ја измив косата двапати. Еднаш за вас, а еднаш за сер Елтон Џон – изјавила Мајли Сајрус.
Славните дами често имаат фризери кои секојдневно ги уредуваат, така што Мајли веројатно ни во обични услови сама не ја мие косата, но овој начин на хигиена не е добар за здравјето.
Пејачката Мајли Сајрус е позната по својот секси имиџ, а неодамна, пред карантинот, ја откри својата нова омилена фризура, таканаречена ретро фудбалерка. Иако таа често носи екстензии и менува фризури, овој потег ги изненади обожавателите и нејзината лојална публика, објави „ЈуЕс магазин“.