МАЈКЛ ЏОРДАН СЛЕЗЕ ОД ЈАХТАТА Фановите го пречекаа во Хвар (ВИДЕО)

Пред Хвар, Џордан беше во Шибеник и Скрадин, а неговата сопруга го привлече вниманието во националниот парк Крка, каде отиде на прошетка. Toj не беше заинтересиран за ова и претпочиташе да се одмора на палубата.

2,087

Десетици луѓе во Хрватска го пречекаа легендарниот кошаркар Мајкл Џордан на пристаниште на островот Хвар, јавува Глорија. Џордан конечно им дозволи на фановите да го видат и да го изгушкаат откако пред неколку дена тајно заплови во Јадранот на луксузна јахта која ја изнајмуваат со својата сопруга за милион евра неделно.

Џордан беше снимен во ресторанот Гарифул, каде веднаш го опкружија обожавателите. Тој се фотографиран со персоналот. Пред неколку дена, НБА-кошаркарите Ивица Зубак и Патрик Патерсон кои пристигнаа на свадбата на неговиот соиграч, беа во истиот ресторан.






Видете како фановите го нападнаа Џордан.

 

Пред Хвар, Џордан беше во Шибеник и Скрадин, а неговата сопруга го привлече вниманието во националниот парк Крка, каде отиде на прошетка. Toj не беше заинтересиран за ова и претпочиташе да се одмора на палубата.

Каде и да се појават тие, толпа луѓе се собираат пред нивната јахта, а на расположениот Џордан очигледно тоа воопшто не му пречи, бидејќи се движи по чамецот како да е на отворено море каде никој не може да го види.

Наводно, заедно со него на јахтата се дванаесет луѓе и дури 29 членови на екипажот, осигурувајќи се дека на американскиот богат човек и спортист не му недостасува ништо.

Инаку, Џордан веројатно нема да се сретне со својот долгогодишен соиграч и пријател Тони Кукоч во Сплит, за којшто се дозна дека е во Чикаго.

Поврзани содржини