МАЈКЛ ЏОРДАН ЌЕ ИМАШЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СЛЕДБЕНИЦИ ОД КРИСТИЈАНО РОНАЛДО АКО ВО 90-ТЕ ПОСТОЕЈА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Скоти Пипен со кометар за 647-те милиони следбеници на славниот фудбалер
Роналдо е еден од најголемите играчи и најголемите спортисти во светот и 647 милиони следбеници зборуваат за тоа. Ќе бидам искрен, мислам дека Мајкл Џордан би имал двојно повеќе следбеници доколку социјалните мрежи постоеја тогаш, рече шесткратниот шампион во НБА, Пипен .
Кошаркарската легенда на НБА, Скоти Пипен верува дека Мајкл Џордан во 90-тите години од минатиот век ќе имаше двојно повеќе следбеници на социјалните мрежи отколку што има сега Кристијано Роналдо, доколку во тоа време постоеја мрежите.
– Како играч кој играше во 90-тите, дефинитивно не знам од каде доаѓаат тие бројки и што всушност значат, бидејќи ние немавме социјални медиуми кога растевме. Но, дефинитивно Роналдо е еден од најголемите играчи и најголемите спортисти во светот и 647 милиони зборуваат за тоа. Ќе бидам искрен, мислам дека Мајкл Џордан би имал двојно повеќе следбеници доколку социјалните мрежи постоеја тогаш – рече шесткратниот шампион во НБА, Пипен .
Џордан шест пати ја има освоено НБА-лигата, исто толку пати беше прогласен за МВП во финалето на најсилната кошаркарска лига на светот.