МАЈКАТА НА АНДРЕЈ ОД ДНК ДЕМАНТИРА ДЕКА ТОЈ Е ПРОНАЈДЕН Не е точно дека лежи во штипската болница

Информацијата која се прошири дека Андреј е добар и е во штипската болница, се покажаа неточни, откако се покажа дека се работи за друго момче со тоа име.

1,260

По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејзиниот син. Со болка заминува дома да чека информации за синот. Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на Андреј.

Информацијата која се прошири дека Андреј е добар и е во штипската болница, се покажаа неточни, откако се покажа дека се работи за друго момче со тоа име.






Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.

Во пожарот кој вчера избувна во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се хоспитализирани. Пожарот избувнал околу 3 часот, на концертот на групата ДНК на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо на излезот.

Поврзани содржини