Мајка во лов на диви животни ја води и четиригодишната ќерка: Со фотографиите го згрози светот (ФОТО)

322

Џесика од Нов Зеланд оди на лов на диви животни, а од ова хоби не се откажала ниту кога станала мајка, туку сега во лов ја води и својата четиригодишна ќерка Лили.

Таа на социјалните мрежи се пофалила со излетот во дивина со ќерката, каде го прославиле нејзиниот роденден, поради што сите ги згрозила. Спиеле во шатор, сами подготвувале храна, а не заборавиле ниту да понесат пушка, пишува „Мирор“.






Џесика на Инстаграм објавила фотографија на која девојчето држи за опашката два застрелани зајаци, а пред неа лежат три опосуми.

– Сѐ уште сум во потрага по страчка за овој мал ловец – напишала оваа мајка и предизвикала бурни реакции кај луѓето. Некои ѝ порачале дека не е добар пример за помладите генерации, додека други ја нарекле погрдни имиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Сепак, Џесика останала доследна во својата намера и понатаму ќерката Лила да ја води со себе во лов, а како што наведува, тоа ментално ја опушта и ѝ го намалува стресот.

„Уловеното месо го ставам во фрижидер или го делам со луѓето. Ловот не е само убивање животни. Тоа е начин на кој го прехранувам семејството, вежбам и се опуштам“, го објаснила таа својот став.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Во ловот се вљубила благодарение на својот дедо кога имала само 4 години.

„Сите водиме одреден начин на живот, а ова е мојот и тоа уште откако бев дете. Некои се вегани, некои вегетаријанци, некои купуваат месо, а јас сакам сама да го уловам“, заклучила Џесика.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини