МАЈКА МИ НЕМА СЕСТРА Рашковски го демантира ВМРО-ДПМНЕ
Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со Драги Рашковски, се наведува во кусата реакција од Рашковски.
Мајка ми нема сестра, одговори кратко денеска Драги Рашковски откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски јавно праша дали мајката на Рашковски е сестра со мајката на Александар Пиперевалиев и дали тоа било пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла.
„Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие Дрисла, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со Драги Рашковски“, се наведува во кусата реакција од Рашковски.