Мајка ги опишала симптомите на коронавирус кај бебето старо само седум недели ФОТО

1,028

Тони Родос, чиј син Кертис бил позитивен на коронавирус, го споделила своето искуство. Таа опишала како изгледале симптомите кај бебето кое тогаш имало само седум недели.

Како што открила, таа забележала дека бебето било раздразливо и неговото плачење звучело поинаку од вообичаеното. Тоа исто така било и многу изморено, а откако било невообичаено мирно во текот на ноќта, наутро забележала дамки на неговата кожа. Исто така, едното око му било отечено и стеснето, а во исто време бебето кашлало и повремено кивало.






Тие побарале совет од лекар, а тој заклучил дека детето има блага зголемена температура и дека пулсот му е забрзан. Затоа се посомневале дури и на сепса. Тие биле задржани во болницата следните 48 часа, а на Кертис му дале антибиотик, пренесува „Сан“.

Бидејќи неговата состојба се подобрила, тие биле испратени дома, а дознале дека тој е позитивен за коронавирус дури по неколку дена.

„Ни рекоа дека треба да внимаваме и да ги набљудуваме промените на себе. Кен и јас не искусивме ниту еден од типичните симптоми за кои слушнавме, како што се главоболка, губење на мирисот, болки во грлото и вратот. Единствено што чувствувавме беше заморот“, напишала таа.

Иако и самите тие имаат некои од симптомите, нема да ги тестираат, освен ако не завршат на болничко лекување. Тие сè уште не знаат како момчето се заразило, но како што истакнала, таа сака да ги предупредува сите дека коронавирусот не мора да ги има исклучиво оние симптоми за кои постојано се пишува.

 

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Поврзани содржини