МАЈКА ГИ ФРЛИЛА СВОИТЕ ДВЕ ДЕЦА ОД БАЛКОНОТ НА ХОТЕЛОТ На таткото на децата му испратила порака „збогум“
Полицијата соопшти дека жена ги фрлила своите две деца од балкон на првиот кат на хотелот каде била сместена, а потоа се заканила дека ќе се самоубие. Двете деца биле пренесени во болница во тешка состојба, но едното од нив, двегодишното, набргу починало.
Жена ги фрлила своите две деца, на возраст од две и три годиниа, од балкон на хотел во градот Ботошани, Романија, а потоа се заканувала дека ќе изврши самоубиство.
Двегодишното дете починало во болница, а другото во кома е префрлено во болница во градот Јаши. Откако пожарникарите ја спречиле да скокне, жената тврдела дека не сакала да ги повреди децата. Таа на својот сопруг му испратила порака во која напишала „Збогум“.
Ботошанската полиција соопшти дека жена ги фрлила своите деца од балконот на првиот кат на хотелот, заканувајќи се дека ќе се самоубие. Двете деца во тешка состојба се пренесени во болница, а двегодишното дете таму починало.
По околу два часа разговор, пожарникарите успеале да ја спречат жената да изврши самоубиство, па подоцна била примена на Одделот за психијатрија на Окружната болница во Ботошани.
Според изворот, жената е по потекло од друго место и со децата дошла во Ботошани за да ги однесе малечките да си играат во парк. Жената отишла во хотелот велејќи дека не може да го фати автобусот за дома, а персоналот на хотелот и дал соба на првиот кат, иако таа тврдела дека нема лична карта, пишува romaniajournal.ro.