МАЈАМИ 11 тела се извлечени од урнатините, а 150 лица сè уште се водат како исчезнати
Спасувачките екипи користат кранови, кучиња и инфрацрвени скенери за да откријат знаци на живот под урнатините, но надежта дека има уште преживеани се намалува како што одминува времето.
Бројот на загинати во урната зграда во близина на Мајами, Флорида, се зголеми на 11, бидејќи во текoт на ноќта друго тело беше извлечено од урнатините.
Локалните власти соопштија дека 150 лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува „АП“.
Началникот на округот „Мајами Дејд“, Даниела Левин Кава изјави дека операцијата за спасување ќе продолжи.
Спасувачките екипи користат кранови, кучиња и инфрацрвени скенери за да откријат знаци на живот под урнатините, но надежта дека има уште преживеани се намалува како што одминува времето.
Сè уште се испитува што довело до рушење на зградата од 10 ката пред пет дена, но вниманието е насочено кон структурните оштетувања наведени во извештајот на инженерите од 2008 година, објавен од градските власти на „Сурфајд“, според „Ројтерс“.
Во тој извештај, инженерите утврдиле значителна структурна штета околу базенот во зградата и влошување на цементот во подземната гаража.