ЛУТААТ И МАТИЧНИТЕ И ПАЦИЕНТИТЕ За Беќаровски проблем е што нема протокол за матичните

Првите пет дена ни се клучни. Понатаму, требаше да се направи ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка, вели Беќаровски.

976

Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со Сумамед и со двојни дози, изјави доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5.

Тој вели дека некој дава антибиотик, а некој ги тера на енормни дози на витамини.






– Првите пет дена ни се клучни. Понатаму, требаше да се направи ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка. А, не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направивме протокол за матичните лекари. А и ним ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест Сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и нему препишано – вели Беќаровски.

Тој додава дека Македонија и по година и пол нема донесено протокол за лекување на ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците.

Поврзани содржини