ЛУЛА ЌЕ ПРОБА ДА ГО УБЕДИ ПУТИН ДА ДОЈДЕ ВО ИСТАНБУЛ Бразилскиот лидер се приклучи кон повиците на повеќе земји кон рускиот лидер

Ќе се обидам да разговарам со Путин. Ништо не ме спречува да му кажам: „Еј, пријателе Путин, оди во Истанбул и преговарај“, рече Лула на прес-конференција во Пекинг, пред планираната посета на Москва на враќање во Бразил.

125

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва најави дека ќе го повика рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Турција за време на мировните преговори за војната во Украина.

Лула се придружи на повиците на многу други земји рускиот лидер лично да оди во Истанбул на директни преговори со Киев.






– Ќе се обидам да разговарам со Путин. Ништо не ме спречува да му кажам: „Еј, пријателе Путин, оди во Истанбул и преговарај“ – рече Лула на прес-конференција во Пекинг, пред планираната посета на Москва на враќање во Бразил.

Разговорите во Истанбул утре ќе бидат првите директни разговори меѓу Украина и Русија од пролетта 2022 година.

Лула го даде својот коментар откако Киев го замоли Бразил да го искористи своето влијание врз Москва за да обезбеди средба меѓу Путин и Зеленски.

Од своја страна, вчера Кина и Бразил објавија заедничка декларација во која го поздравија „предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за започнување мировни преговори“ со Украина.

Во текстот, двете страни го опишуваат директниот дијалог како „единствен начин за завршување на конфликтот“.

Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Доналд Трамп да ја посети Турција и да учествува во преговорите, но подоцна објави дека државниот секретар Марко Рубио ќе отпатува во Истанбул.

Кремљ сè уште не објави дали претседателот Владимир Путин ќе се вклучи во преговорите, само објави дека ќе присуствува руска делегација.

Поврзани содржини