ЛУКРОВСКИ ВЕТИ НОВИ РЕЗЕРВОАРИ ЗА ВОДА ВО БАРДОВЦИ И ВО НЕРЕЗИ Ќе се фокусира и на проблемите со водоснабдувањето

58

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, утринава гостуваше на Радио Лидер, каде што даде јасна порака дека Карпош е зрел за промени, бидејќи анкетите сѐ повеќе велат дека тој ќе биде идниот градоначалник на карпошани.

Лукровски истакна дел од проблемите со кои се соочуваат карпошани, но и посочи дека во неговата програма има решение за нив. Тој говореше за проблемот со водоснабдувањето, а со оглед на тоа дека е зголемен бројот на жители во Карпош, тој ветува нови 2 резервоара во Бардовци и еден во Нерези.






– Се планираат 2 нови резервоара во Бардовци и во висока зона Карпош, односно во Нерези. Ние немаме капацитет за вода, не пак да говориме за градба на згради. Мојот став е дека треба да се гради, меѓутоа тоа треба да е плански – соопшти Лукровски.

Проблемот со паркирањето во Карпош е голем предизвик за Лукровски, но решението го гледа во изградба на нови монтажни гаражи кои би го решиле проблемот со паркирањето, а во одреден дел воведување и зонско паркирање.

 

 

Поврзани содржини