Лукашенко со нова „експертиза“ за коронавирусот: Болеста ги напаѓа оние кои вчера пиеле алкохол, а денеска пушат цигари

Според официјалните податоци, досега во Белорусија се регистрирани над 860 позитивни случаи на коронавирусот и 13 смртни случаи.

2,347

Белорускиот претседател Александар Лукашенко упати уште едно интересно видување на работите, а тоа е дека коронавирусот ги напаѓа луѓето кои вчера пиеле вотка, а кои денеска пушат цигари.

– Сите ми се смееја пред една година кога реков дека треба активно да спортуваме, да трчаме, да пиеме помалку алкохол и да не пушиме цигари, но сега гледаме дека коронавирусот ги пронаоѓа сите оние кои пиеја вчера, а денеска пушат – рече Лукашенко, кој само пред неколку недели ги советуваше граѓаните на Белорусија да пијат вотка и да одат во сауна за да не се заразат со ковид-19.






Според официјалните податоци, досега во Белорусија се регистрирани над 860 позитивни случаи на коронавирусот и 13 смртни случаи.

Поврзани содржини