Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ја дозволи можноста дека е предолго на функцијата шеф на државата, но, воедно смета дека само тој е во состојба да „ги заштити Белорусите“.
Ова свое мислење Лукашенко го даде во интервју за руската телевизија „Русија 1“.
– Да, можно е да останав некое време, можно е да ме покажаа не само на ТВ, туку и преку железото и чајникот. Но, во реалноста, сега само јас сум во состојба да ги заштитам Белорусите – рече Лукашенко, пренесе БГНЕС.
Лукашенко е на власт 26 години.