Лукашенко играл хокеј на мраз со заразен соиграч, не оди во изолација

514

Соиграч на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во аматерската екипа за хокеј на мраз е заразен со новиот коронавирус, соопшти кабинетот на Лукашенко.

– Но, покрај тоа Лукашенко нема да биде во самоизолација и продолжува да работи како досега – изјави неговата портпаролка Наталија Аисмонт.






И покрај пандемијата со ковид-19, Лукашенко играше хокеј на мраз пред публика, а и не воведе остри карантински мерки со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Во Белорусија 6.723 луѓе се заразаени со ковид-19, а 55 починааа.

Поврзани содржини