Лукаревска: Вкупно 21.542 компании имаат поднесено барања за исплата на 14.500 денари за април

571

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција информираше за УЈП е исправен пред нов предизвик за навремено и квалитетно спроведување на економските мерки од двата пакети.

– Тимот на УЈП активно се вклучи и го даде својот придонес и експертиза при кеирањето на мерките, а продолжи и понатаму посветено да работи и на спроведување на мерките во сите фази. Почувајќи од поставување на соодветните обрасци на електронските платформи е-даноци и е-ПДД, софтверско прилагодување, потоа прием и обработка на поднесените барања, како и достава на точната евиденција до институциите кои се надлежни за исплата финансиските средства – изјави Лукаревска.






Таа додаде дека Управата го продолжува партнерскиот однос со граѓаните и бизнис секторот. Во време на оваа криза, граѓаните, стопанството и државата се секогаш на прво место, така што помагаат за намалување на негативните ефекти од кризата.

– Барање на финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за април и мај, вкупно 21.542 компании имаат поднесено барања, а со ова се опфатени 43 проценти од компаниите. Тие ќе се обработат во рок од три дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата од каде ќе се врши исплатата на средствата – рече директорката на УЈП.

Од вкупниот број на поднесени барања за угостителска дејност се 2.377, туристички агенции се 253, транспорт се 2.177 барање, објекти за сместување се 258 барања и за останатите дејности се 16.625 барања. Сите работодавачи со комплетно барање по обработка на образецот ќе бидат информирани за вкупниот износ за финансиска поддршка која што ќе им биде исплатена, информираше Лукаревска.

Преку Уредба за субвенционирање на социјално осигурување за април, мај и јуни за секој осигуреник да користат субвенција најмногу до 50 отсто пресметани на просечната бруто плата. според податоците од Државниот завод за статистика. За ова се поднесува барање за субвенционирање до УЈП, се врши преку е-даноци, а комплетноста ја потврдува УЈП во рок од 5 дена.

На 25 март стапија на сила две уредби за законот за данокот на личен доход и уредбата за примена на законот за добивка. Со нив се предвидува одложување на плаќање на месечни аконтации, на личен доход и добивка.

За примена на законот за ддв се издава електронска фактура за поедноставно работење на даночните обврзници. Со примена на законот за даночна постапка се намалува процентот за задоцнето плаќање. Исто така, УЈП нема и не објавува листа на должници, на доспејани и неплатини долгови за април, мај и јуни.

 

Поврзани содржини