Дополнително, додаде таа, се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и покрај стечајците картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.
– Парите се враќаат кај граѓаните, градиме држава која е праведна и правна, за сите. Затоа почитувани граѓани, вашата иднина и иднината на вашите деца не оставајте друг да ви ја решава, да излеземе на избори, затоа што заедно можеме и уште повеќе и уште подобро – рече Лукаревска.