Лукаревска: Компаниите се ослободени од плаќање аконтации за данок на личен доход и за данок на добивка
Ослободувањата важат за сите компании кои се погодени од кризата за период од три мсеци- март, април и мај.
Угостителите, туристичките компании транспортерите како и сите компании кои претрпеле штета поради коронавирусот се ослободуваат од плаќање на износот на аконтациите за плаќање на данокот на личен доход за месеците март, април и мај. Овие компании се ослободуваат и од плаќање на износот аконтациите на данокот на добивка за истиот париод. Ова го соопшти на денешната прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
– За да го одстварат ова право обврзниците за плаќање данок на добивка треба да ги исполант условите кои се однсуваат на тоа да не исплаќаат дивиденда на сопствениците и награда за деловна успешност или друг вид на годишни награди од 15 јули 2020 и да не го намалат бројот на вработени и други вработени од 26 март во период од три месеци по престанување на важноста, освен смрт, отказ од страна на работникот или пензија – рече Лукаревска
За другите компании кои се погодени од кризата дополнително треба да исполнуваат еден од трите дополнителни услови и тоа:
- Да имаат намалени приходи за време на месецот да се намалени за најмалку 40 отсто во однос на февруари 2020 година,
- бројот на вработени кои не работат заради мерките да е најмалку 25 отсто во однос на вкупниот од февруари 2020 година,
- или да имаат затворено најмалку 50 отсто од објектите во кои ја вршат дејноста.
Аплицирањето за ослободувањето се врши електронски а досега вакви барања поднеле 370 компании.
Вработените во угостителството туризмот и транспортот како и другите дејности погодени од кризата, како што соопшти Лукаревска можат да побараат ослободување од исплата на аконтациите за данок на личен доходод за месеците март, април и мај.
– Работодавачите во угостителството туризмот и транспортот не требат да го намалат бројот на вработените во период од три месеци почнувајќи од 26 март 2020 година – рече Лукареска.
Компании од другите дејности за да го користат ова право покарј овој услов треба да исполнат и еден од дополнителни услови:
- Вкупно приходи да им се намалени за најмалку 40 отсто, во месецот во однос на февруари 2020 година или нивниот приход да е намален за повеќе од 40 отсто во однос на претходната година,
- Бројот на вработени кои не работат во економската активност зарад и мерките да е 25 отсто во однос на вкупниот број на на вработени во февруари годинава.
- или да имаат затворено најмалку 50 отсто од објектите во кои ја вршат дејноста.
За користење на ослободувањето можат да аплицираат и занаетчиите и самостојните вршители на дејност.