Лукаревска: Иако добиле помош, 306 работодавачи не исплатиле плата за декември

Таа истакнува дека најголема злоупотреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво, додека најголемиот број на ваквите фирми кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје.

264

На денешната прес-конференција директорката на Упавата за јавни приходи, Сања Лукаревска објави податоци кои покажуваат за злоупотребата на финансиската помош по однос на исплата на плати за месецот декември.

– За декември 2020 година поднесени се 13.721 барање на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021 година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица – рече директорката Лукаревска.






Таа истакнува дека најголема злоупотреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво, додека најголемиот број на ваквите фирми кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје.

– Секој управител треба да знае дека сноси кривична одговорност, бидејќи тој стои зад  веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош, додаде директорката на УЈП.

Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај истите се извршени контролизаедно со Државниот инспекторат за труд , за што ќе има заедничко известување од епилогот во вторник.

Поврзани содржини